Хонг Ли: Сите постапки околу преземањето на Милан се законски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Милан, Јонг Хонг Ли со официјална изјава се обрати до јавност апо обвинувањата кои го поврзуваа со нелегално преземање на клубот и наводно перење на пари во Милан.

Хонг Ли најави и правна постапка против луѓето кои обелоденија невистини против него кои ќе му наштетат него лично, но и на клубот.

Во продолжение погледнете го официјалното соопштение на Јонг Хонг Ли:

„Неодамна објавените статии од страна на италијанските весници #LaStampa и #IlSecoloXIX, а потоа продолжени и од многу други медиуми , во врска со наводната истрага за перење пари против Групацијата Фанинвест (која подоцна беше одбиена од страна на Јавното обвинителство) од мене бара појаснување како вклучен во сето тоа.
Процесот на купување на Милан секогаш се
 одвиваше со најголема транспарентност, усогласеност со принципите и точноста, со поддршка и совети од меѓународни финансиски и правни советници. 
Сите постапки беа следени со целосна согласност со законите и практиките што се во сила. Сите финансиски институции, спортски организации и инволвирани организации ја добија документацијата, која е потребна или побарана, за да се процени и одобри процесот на „затворање“ и квалификациите на новата сопственост која сега управува со тимот.
Ова што го читам овие денови апсолутно не ја одразува реалноста на фактите. Затоа, групата која ја претседавам, AC Milan S.p.A и јас како оштетена страна на оваа несреќна и неприфатлива медиумска кампања врз основа на шпекулации и погрешни информации, го задржуваме правото да ги преземеме сите неопходни правни дејства за да ја заштитиме во најдобар случај сликата, репутацијата и финансиската стабилност на Милан и референтната група.“