Хопман куп: Чешка и Америка победија во второ коло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Хопман купот во вторник беа одиграни натпревари од второ коло во Група Б, а победија САД и Чешка.

САД беше подобра од Шпанија со 3 победи. Џек Сок беше подобар од Лопез по пресврт. Во женскиот дел Вандевеј ја победи Арубарена во два сетови, а во двојки Американците победин по 3 сетови.

Чешка ја победи Австралија по натпреварот во двојки. Ник Киријос победи против Павлашек со 7:5 и 6:4. Храдечка израмни со победа против Гаврилова, а во двојки беа подобри Чесите.

На табелата по 2 кола САД имаат 2 победи додека Шпанија и Чешка имаат една.

Во среда се играат натпревари од група А. Играат Швајцарија и Германија, односно Франција и Англија.