Хофенхајм задоволно трие раце: Огромна битка на Челси и Баерн!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никлас Шуле има понуди од Баерн и Челси.

Иако претходно беше објавено дека Баерн го договорил 21-годишниот стопер наредното лето, од тоа засега нема ништо, а Хофенхајм доби понуда за овој играч и од Лондон.

Челси е подготвен да го донесе Шуле во свои редови. Понудата стигна на адресата на тимот од Германија.

Сепак, медиумите тврдат дека тој наскоро ќе потпише договор за Баерн, а Хофенхајм ќе заработи 20 милиони евра.

Шуле игра одлично во дресот на Хофенхајм.

Оваа сезона игра навистина фантастично и не е никакво чудо што го бараат гигантите.