Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон би можел ова лето да се врати во ПЛ.
Овој 69-годишен тренер моментално работи како консултант во тимот на Мелбурн Сити, а по се изгледа дека Кристал Палас е идеална шанса за продолжување на кариерата.
Овој тим остана без тренер, откако Алардајс го напушти нивниот тим и бараат нов тренер. Хоџсон секако е добро запознаен со ситуацијата во ПЛ, затоа што во текот на кариерата ги водеше Фулам, Ливерпул и ВБА.
Да потсетиме, тој беше селектор на Англија 4 години, а замина од тимот на ЕП во Франција минатото лето.