Хрватите му „честитаа“ со навредлива порака на Модриќ за наградата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч во светот, но и покрај тоа не го доживуваат сите во Хрватска како херој.

Дел од хрватските навивачите го мразат Модриќ поради неговиот однос со Здравко Мамиќ, а посебно му замерија затоа што ја смени изјавата во текот на судењето на поранешниот претседател на Динамо Загреб.

Сепак, Мамиќ е осуден на 6,5 години затвор, а Модриќ е обвинет за лажно сведочење, но ова обвининение не е најлошо што му се случило на најдобариот светски фудбалер.

Има многу критики од страна на навивачите, а откако беше прогласен за најдобар играч, во Сплит се појави уште еден графит, кој ја покажува омразата кон него.

На една од раскрсниците во Сплит се појави натпис на англиски јазик и има навредлива порака за Хрватот.