Хрватите „удрија“ по Ивановски: „Мирко е најбезопасниот напаѓач на Хајдук“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот интернационалец Мирко Ивановски се мачи сезонава да го пронајде патот до противничката мрежа, откако се пресели во Хајдук Сплит.

Ивановски беше еден од најдобрите напаѓачи минатата сезона во хрватската лига, а тоа му овозможи трансфер во еден од гигантите на Хрватска, сепак, неговата авантура во Сплит не почна како што се очекуваше.

На седум натпревари сезонава во првата екипа, Ивановски играше на шест и беше заменет на секој од нив. На ниту еден не постигна гол, а така беше и вчера во третото квалификациско коло во Лигата не Европа кај Стеауа.

Хрватските новинари пишуваат дека Ивановски е целосно невидлив на натпреварот или промашува чисти шанси.

Секако, работата на еден голгетер е токму тоа – да постигнува голови, но промената на екипата и начинот на работа очигледно си го земале данокот, па сепак треба да се почека и да му се даде шанса на Ивановски да ја подобри својата форма како што поминува сезоната.