Хрватскиот репрезентативец си заминува од Интер и се сели во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според италијанските медиуми хрватскиот репрезентативец од редовите на Интер, Марсело Брозовиќ би можел да ја напушти „Чизмата“ и во следните неколку дена да се пресели во таборот на Тотенхем.

„Кориере дело Спорт“ наведува дека Брозовиќ е пред заминување од миланската екипа и дека кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Тотенхем.

Во Англија преодниот рок е до 9 август, што значи дека „Петлите“ ќе мора да го комплетираат трансферот во следните четири дена.

Интересно е што Тотенхем е меѓу ретките тимови кои се уште немаат донесено засилување во своите редови.