Хунтелар заминува – Шалке нема да му го продолжи договорот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шалке одлучи да не му го продолжи договорот на Хунтелар.

Тој на крајот на сезоната останува без договор со Шалке, а управата на клубот оцени дека тој повеќе не му е потребен на тимот.

Иако се споменуваше можност да се врати во Ајакс за кој играше од 2006 до 2009 година, овој 33-годишен фудбалер изјави дека не донел одлука за својата иднина.

Хунтелар настапува за Шалке од 2010 година кога стигна од Милан. За нив одигра 230 натпревари, но оваа сезона не беше во прв план.