Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Се одиграа уште два натпревари од Премиер Лигата.
Арсенал на Емирати го победи Лестер, 1:0.
Варди на почетокот на натпреварот шутираше непрецизно. Чех неверојатно одбрани по ударот на Марез. Волкот на другата страна се обиде, но неговиот удар го одбрани Шмајхел. Пред крајот на првото полувреме Санчез ја погоди пречката.
Хут три минути пред крајот на натпреварот постигна автогол за победа на топџиите, 1:0.
Мидлзбро на Риверсајд минимално го победи Сандерленд, 1:0.