Хјустон продолжи со победите: Атланта подобра од Торонто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во НБА лигата минатата вечер беа одиграни 10 натпревари.

Хјустон стигна до 9-та победа по ред, а нивна последна „жртва“ беше Њу Орлеанс, кој беше поразен со 122:100. Харден го постигна 6-от трипл-дабл во сезоната, а натпреварот го заврши со 29 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Во редовите на Њу Орлеанс најдобар беше Ентони Дејвис со 19 поени и 5 скокови.

Клиперс по големата борба го победија Мајами со 102:98. Грифин со 20 поени и 8 скокови беше најдобар кај Клиперс, а го следеше Џордан со 12 поени и 19  украдени топки.

Атланта стигна до победа кај Торонто. Тие победија со 125:121, а до победата ги однесе Хауард со 27 поени и 15 скокови. Најдобар кај домаќинот беше ДеРозан кој постигна 34 поени и 5 украдени топки.

Останати резултати:

Орландо – Бруклин 118:111
Вашингтон – Детроит 122:108
Бостон – Шарлот 96:88
Чикаго – Милвоки 69:95
Мемфис  – Сакраменто 92:96
Филаделфија – Лејкерс 89:100
Јута – Далас 103:100