Црвена Звезда гази се пред себе – Мега Лекс падна во продолжението

Кошаркарите на Црвена Звезда по 17 натпревари останаа на максималното постигнување во АБА лигата.

Црвена Звезда успеа да победи на гостувањето кај Мега Лекс со 81:69.

Во драматичен финиш на регуларниот дел двата тима беа сигурни од линијата за слободни фрлања, а во дополнителните 5 минути Звезда доминираше и стигна до 17-та победа во АБА лигата.

Кузмиќ со 16 поени и 9 скокови беше најдобар, а Томсон постигна 10 поени и 5 скокови за 7 минути. Кај домаќините Јарамаз постигна 15 поени и 5 асистенции.