Црвен картон за Тричковски, пораз на АЕК Ларнака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Аполон ја победија АЕК Ларнака во натпревар од плеј-офот во кипарското првенство, 1:2.

Таулемесе погоди после три минути игра за водство на АЕК Ларнака. Домашните преку Василиу го израмни резултатот.

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски доби директен црвен картон во 32-ра минута од натпреварот. Пред крајот на првото полувреме се израмнија силите на теренот бидејќи Роберж доби црвен картон. Гаридо петнаесетина минути пред крајот на натпреварот погоди за 1:2. Во судиското продолжение од второто полувреме Винициус Гуие му донесоа победа на Аполон, 3:2.

Вториот македонски фудбалер кој игра за АЕК Ларнака, Даниел Мојсов не настапи на денешниот натпревар.