ЦСКА го декласираше Галатaсарај во Москва – Жалгирис и Басконија стигнаа до победи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на програмата се одиграа 3 натпревари.

Во првиот натпревар кој се играше денес ЦСКА го декласираше Галатасарај со 85:69.

Домашниот тим не го започна натпреварот најдобро, па по првата ¼-на имаше негатива од 13:17, но во следната ¼-на го „уништи“ тимот на Галатасарај и замина на полувреме со предност од 46:29.

Во вториот дел натпреварот беше израмнета играта, поточно во третата ¼-на подобар беше тимот на Галатасарај со 20:19, а во последната ¼-на се играше израмнето повторно, па таков беше и резултатот, односно 20:20.

Во третиот натпревар кој се играше денес беше видена голема борба помеѓу Жалгирис и Панатинаикос.

Натпреварот не беше многу ефикасен, па по првата ¼-на Панатинаикос имаше предност од 17:9, а до полувремето ја зголеми на 31:19.

Вториот дел започна подобро за домашниот тим кој успеа да ја намали разликата со победа од 15:10 во третата ¼-на и до крајот на натпреварот следуваше пресврт на домашниот тим кој стигна до победа од 64:58.

Останати резултати:

Макаби – Милано 92:82
Барселона – Уникс Казан 70:62