„Челси веднаш треба да добие шампионски трофеј“


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Екипата на Челси се наоѓа во серија од 12 победи по ред и цврсто ја држи првата позиција на табелата во ПЛ.

Некои мислат дека прашањето за новиот англиски шампион е веќе решено, а еден од нив е пензионираниот фудбалер Роби Севиџ, кој вели дека Челси треба веднаш да добие трофеј.

„Челси веднаш треба да добие шампионски трофеј. Не гледма некој кој би можел да ги сопре.“

„Тие имаат одлична одбрана и напад, па можат на најдобар можен начин да одговорат на барањата на Конте. Едноставно фантастичен тим.“

Роби Севиџ во својата кариера има играно за Дерби, Блекбурн, Бирмингем, Лестер, а како јуниор има играно за Манчестер Јунајтед.