Челси донесува голман за кој ретко кој има слушнато!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


По заминувањето на Беговиќ во Борнмут, Челси активно бара нов резервен голман.

Откако се појави информација дека тие го сакаат Ареола, медиумите пренесуваат дека би можел да пристигне друг голман.

На мета се наоѓа Бетинели, 25-годишен голман на Фулам за кој Абрамович е подготвен да испрати примамлива понуда.

Интересно, Бетинели не беше во прв избор ниту во Фулам кој настапува во Чемпионшип.

Јавноста во Англија се прашува дали тој навистина има квалитет за Челси, со оглед на тоа дека Челси сака да го донесе само за да седи на клупата.