Челси има огромен талент, но ретко кој знае за него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина фудбалски навивачи не го знаат Тами Абрахман, некои од нив ниту слушнале за него, но тоа младо момче ги воодушевува сите навивачи на Бристол Сити.

Ова момче има само 18 години и е играч на Челси, а оваа сезона како што погоре споменавме настапува за Бристол Сити како позајмен играч.

Оваа сезона во сите натпреварувања за неговиот тим постигна осум голови во девет настапи и тоа во професионална сезона, што е голем успех за едно 18-годишно момче.

Интересно е тоа што Абрахман постигна шест гола од последните седум шутеви кон противничкиот гол, па Челси дојде до сознаније дека има еден огромен талент.

Раскошниот талент на младиот Абрахман го забележале и навивачите на Лондонскиот тим, па така некои од нив веќе му препорачаа на Антонио Конте да го врати играчот на „Стемфорд Бриџ“.