Челси сака да го доведе Зидан како замена за Маурицио Сари


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Маурицио Сари после високиот пораз од Манчестер Сити од 6-0 ја изгуби довербата од управата и навивачите.

Челси во последните пет натпревари во Премиер лигата има три порази, а последниот пораз од Сити беше многу болен.

Сево ова доведе Челси да падне на шесттото место на табелата, а ова го вклучи црвениот аларм на Стемфорд Бриџ.

Како што пишуваат англиските медиуми, Плавите се спремни да го ангажираат Зинедин Зидан како свој менаџер. Тој моментално е без работа откако на крајот од минатата сезона го напушти Реал Мадрид.

Постои голема спремност раководството на Челси да го доведе Зидан, а наводно веќе оваа недела би требало да го направат првиот потег.

Освојувањето на Лигата на шампионите три години по ред го става Зидан на врвот на листата на тренери на Челси.

Останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.