Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меч од 22. коло во англиската Премиерлигата Челси го совлада Њукасл 2-1, па така стигна до важен триумф и нови три бода во борбата за Лигата на шампиони.
Маурицио Сари имаше одредени проблеми, но Челси стигна до водство преку Педро по асистенцијата на Давид Луиз, а пет минути пред полувреме Кларк израмни 1-1.
Во продолжение од мечот Вилијан во 57. минута постига гол за 2-1, а тоа се покажа како конечен резултат.
Челси наредниот викенд гостува на „Емирати“ и би можел во тој дуел да ги отпише „топчиите“ од борбата за Лигата на шампиони.