Челси си најде замена за Азар во Германија!?

Еден Азар најверојатно наредната година ќе замине од Челси, па поради тоа „сините“ сакаат да најдат замена за него.

Наводно, Челси пронашле замена за Азар и тоа во Баер Леверкузен, а станува збор за Леон Бејли.

Маурицио Сари го сака 21-годишниот играч во својот тим, а „кикер“ пишува дека Челси би можел да се обиде да го реализира неговиот трансфер уште во јануари.

Сепак, екипата од „Стемфорд бриџ“ ќе има голема конкуренција од Баерн Минхен, Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити.