Черчи до јануари ќе мора да се снајде, а тогаш го чека нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид Алесио Черчи остана без трансфер во Болоња во летниот преоден рок.

Овој 29-годишен фудбалер падна на лекарските прегледи, па Болоња се откажаа од неговото доведување.

Италијанецот во Мадрид се врати по незавршената работа, но во јануари сепак може во овој клуб.

Черчи и понатака е мета на Болоња, која има намера да го доведе на зима, но до првиот месец од новата година ќе мора да тренира и да ги гледа останатите играчи на Атлетико на терен.

Алесио Черчи во Атлетико стигна во 2014 година од Торино за 15 милиони евра, но на Висенте Калдерон не се снајде, па играше како позајмен играч во Милан и Џенова.