Четири кандидати, а само од една работа зависи кој ќе ја превземе Барселона?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се би можело да биде познато за неколку денови.

Барселона наредното лето ќе добие нов тренер, но тој ќе биде избран од зависност на резултатите во „Ел Класико“.

Според медиумите, управата разгледува можност помошниот тренер Унце да го постави наместо Енрике, но доколку испадне од борба за титулата и таа приказна ќе падне во вода.

Преостануваат уште три кандидати, а тоа се Валверде, Сампаоли и Куман.

Валверде соопшти дека не сака да го продолжи договорот со Билбао и дека во лето ќе замине, а тоа го става во најтесниот избор, но во игра е и Севиља.

Ако Барса го убеди Сампаоли да дојде во тимот, тогаш Валверде ќе го превземе тимот на Севиља.

Куман е 4-та опција и најмалку веројатна, затоа што не сака да го напушти Евертон.

Барселона испадна од трката во ЛШ, во Примера има 3 бодови помалку од Реал и натпревар повеќе.

Останува уште финалето на купот на Шпнаија, на 27 мај со Алавес, но тој трофеј заедно со суперкупот на почетокот на сезоната не ги задоволува критериумите на овој голем клуб.