Четири тимови во борба за потписот на Бејл!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Герет Бејл во последно време се поврзува со заминување од Реал Мадрид.

Управата на Реал, предводена од Перез не е задоволна со него и сака да го продаде.

Ако се случи тоа, Бејл нема да има проблеми со наоѓање на нов клуб. Четири гиганти се заинтересирани за него.

Меѓу најголемите фаворити е Манчестер Јунајтед. Тие сакаат да го засилат тимот за наредната сезона, а наводно Бејл е високо на нивната листа со желби.

Покрај нив, за него се заинтересирани Баерн Минхен, ПСЖ и Челси.

Ни останува да видиме дали ќе дојде до голем трансфер до крајот, но сигурно е дека трансферот нема да се реализира за помалку од 100 милиони евра.

Бејл одигра 149 натпревари за Реал и постигна 67 голови.