Чеферин и УЕФА ги победија гигантите: Тоа е само сон, Суперлига нема да има!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварувањето кое го имаа најголемите фудбалски клубови од Европа во план, Суперлигата нема да биде создадена, смета првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

„Суперлигата е само сон и нема да се реализира. Имаме некои идеи, а можам да ви кажам дека тоа не е Суперлига“, кажа Чеферин.

Претседателот на Европското здружение на клубови и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели демантираше дека постоел состанок, иако „Фудбал ликс“ објави документи со планови.

„Никогаш не сме имале состанок и не сме создале било каков документ. Секогаш сме се однесувале според правилата на УЕФА“, кажа Ањели.