„Чичарито во Јунајтед би постигнувал 20 голови!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо очигледно сака вистински напаѓач.

Јунајтед оваа сезона има големи проблеми со постигнувањето на голови, а единствен расположен за голови е Ибра.

Мурињо започна да фали напаѓачи на други тимови, а овој пат тој го пофали Чичарито.

Чичарито во моментов е член на Леверкузен, но во минатото играше за Јунајтед.

„Имам фудбалери кои не се најдобри во нападот. Тоа се добри и креативни играчи кои можат да направат одлични работи. Со оглед на тоа дека играме во Манчестер, играч каков што е Чичарито би можел да постигнува по 20 голови во сезона. Тој е таков фудбалер, ја добива топката и постигнува гол.“

Чичарито оваа сезона постигна 12 голови на 33 натпревари за Леверкузен.