Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клаудио Раниери пред еден месец доби отказ од Лестер по само 9 месеци откако ја освои ПЛ.
Лестер оваа сезона не игра добро како минатата година, а сопствениците одлучија да го отпуштат Раниери. Иако овој потег ги изненади сите, на крајот се покажа како добар, затоа што тие конечно почнаа да победуваат.
Сепак, според медиумите Раниери би можел да се врати во ПЛ наскоро. За неговите услуги е заинтересиран Вотфорд кој го сака Раниери на клупата од наредната сезона.
Моментално тренер на овој тим е Мацари, но мали се шансите да остане на тоа место. Сопственикот на клубот не е задоволен од начинот на работа на овој тренер.
Тој, наводно, го исконтактирал Раниери и му соопштил дека има желба да го донесе во Вотфорд. Сепак, нешто повеќе на оваа релација ќе биде познато откако ќе заврши сезоната.