Човекот кој сеуште го нема кажано последниот збор – Роџер Федерер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој не е стариот“, „Веќе е старо железо“ , „Толку од Федерер“ … и многу други слични, сега смешни изјави го преплавија светот во врска со Роџер Федерер, во врска со новиот шампион на Австралијан Опен.

Од ден во ден последниве години имаше се повеќе сомнежи, но Федерер сите ги замолкна освојувајќи ја 18тата титула на големите турнири.

Успеа, виртуозот од тромегјето помеѓу Швајцарија, Германија и Франција, успеа тоа момче од Базел да ги замолкне сите критичари. „Момци и понатаму сум овде, ова е уште мое време“

На прагот од својата 36та година тој успеа да потврди дека „Формата е минлива, класата вечна“

Беше млад, 17 години кога за прв пат дебитираше во Гстад против Лукас Арнолд Кера, со наведната глава замина но покажа дека има талент.

Веќе наредната година успеа да биде најмладиот во ТОП 100, а во 2000 и стигна до 1/2 на ОИ во Сиднеј

Потоа следеше една голема победа против Сампрас на Вимблдон 2001 кои многумина го сметаат за пресврт во неговата кариера.

Првиот гренд слем го подигна во 2003 а тоа беше Вимблдон.

Во наредните години го држеше врвот на АТП листата, рушеше се пред себе. Доминираше насекаде. Но долго време Роланд Гарос му беше несуден сон, тоа беше неговата болна рана а на патот до тој трофеј стоеше и Рафаел Надал.

Роџер никако не наоѓаше игра против Надал па губеше 3 финалиња по ред од 2006 до 2008.

Веќе тогаш беше јасно, швајцарецот доби конкуренција.

2007 после голема борба Федерер го совлада Надал на Вимблдон, но на истото место следната година го доживеа и можеби најголемиот удар во својата кариера, во епски дуел е поразен од шпанецот во скоро пет часа игра, а истата сезона во финалето на Роланд Гарос Надал загуби само 4 гема од Федерер.

Се раѓаа нови битки, но секаде беше подобар Надал.

Меѓутоа, вчера на последниот дуел Федерер беше поуспешен и го освои својот 18 гренд слем турнир во нивниот 35 меѓусебен дуел.

 

https://www.youtube.com/watch?v=mFIOGpIQtVU