Чориќ, Димитров, Зверев и Пер се последните четворица 1/8 финалисти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија последните четири 1/16 финални натпревари на АТП турнирот во Мадрид.

Чориќ стигна до победа против Херберт, 2:0 во сетови.

Во првиот сет на хрватот му беше доволен само еден брејк, 7:5. Чориќ во петиот гем од вториот сет го одзеде сервисот на французинот, па продолжи со сигурниот сервис и победи со 6:4. Во 1/8 финалето Чориќ ќе игра против Мареј.

 

Димитров по два сета го победи Карловиќ, 2:0.

Бугаринот во првиот сет направи еден брејк и тоа во вториот гем и го доби првиот сет, 6:3. Димитров со брејкот во 11-от гем и сигурниот сервис во следниот гем стигна до победа, 7:5. Противник на Димитров во 1/8 финалето ќе му биде Тим.

 

Зверев со пресврт го елиминира Чилиќ, 2:1.

По еден брејк направија двајцата тенисери во првиот сет, па победникот мораше да биде одлучен во тај-брејк. Хрватот беше подобар со 3:7 и го доби првиот сет. Со еден брејк во вториот гем во вториот сет Зверев го израмни резултатот во сетови, 6:3, 1:1. Германецот во одлувачкиот сет го одзеде сервисот на Чилиќ во седмиот гем и потоа сигурно сервираше, 6:4. Бердих ќе биде противникот на Зверев во 1/8 финалето.

 

Пер направи изненадување и го исфрли Вавринка, 1:2.

Вавринка направи брејк во вториот гем, 2:0. Французинот успеа да се врати во дуелот во седмиот гем кога го одзеде сервисот на Вавринка, 4:3. Во 11-от гем следуваше брејк на Пер и потоа сигурен сервис за 5:7. Шестиот гем во вториот донесе брејк на швајцарецот, 4:2. При сервисот на Вавринка за победа, Пер направи брејк и намали на 5:4, но потоа загуби на свој сервис па резултатот во сетови беше израмнет, 6:4, 1:1. Французинот многу лесно го доби одлувачкиот сет со 2:6. Пер во 1/8 финалето ќе игра против Куевас.