Чудесна судбина на Златан Ибрахимовиќ!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Швеѓанецот повторно доминира.

Откако беше херој повторно на Јунајтед во победата против Сандерленд, тој даде интересна изјава.

Ибра постигна гол и му асистираше на Рашфорд и така стигна до својот 17-тигол и 5-та асистенција во ПЛ оваа сезона.

Тој покажа дека е како виното, колку е постар, толку е подобар, а тоа го опиша на свој начин.

„Секако дека не можам да се движам како пред 10 години, но сега не трошам енергија на помалку важни работи во играта и поради тоа сум подобар и подобар. Јас сум како Бенџамин Батон, се родив стар, а ќе умрам млад.“

За тие кои не знаат, тој мислеше на филмот „Чудниот случај Бенџамин Батон“ во кој глуми Бред Пит, а станува збор за човек кој се раѓа како стар, а умира како бебе.