Шакири: Знаев што ме чека кога дојдов во Ливерпул


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шакири на крајот од минатата сезона го напушти Стоук и премина во тимот на Ливерпул.

Шакири имаше неколку занимливи понуди во Англија, како и низ Европа, но на крај заврши во Ливерпул, иако знаеше дека конкуренцијата е таму жестока.

Тој игра на позицијата која ја „забетонира“ Мохамед Салах и сигурно не може да е задоволен од минутажата на почетокот од сезоната.

Меѓутоа, Шакири порача дека бил свесен што го очекува кога ќе дојде во Ливерпул. Шакири додаде дека Јирген Клоп не мора постојано да работи на него, со цел да биде среќен, бидејќи знае дека со својата работа мора да се докаже пред тренерот.

„Клоп не треба да се грижи дали сум среќен или не. Задоволен сум  од тоа како се одвиваат работите во Ливерпул и бев свесен што ме чека овде. Сигурно дека не сум задоволен со минутажата, бидејќи секој играч сака да игра што повеќе, но има многу натпревари пред нас. Имав и многу други понуди, но Ливерпул беше предизвик кој сакав да го пробам“, изјави Шакири.