Шарапова продолжува да победува во Штутгарт – Русинката ја елиминира Макарова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мариа Шарапова во 1/8 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт ја победи Екатерина Макарова во два сета, 2:0.

Двете руски тенисерки беа сигурни на својот сервис. Во 12-от гем Шарапова ја искористи втората брејк топка и го доби првиот сет, 7:5. Марија вториот сет го доби многу лесно со брејкови во четвртиот и шестиот гем, 6:1.

Во останатите 1/8 финални натпревари Лора Сиегемунд ја елиминира Светлана Кузнецова, 4:6, 3:6, Карла Суарез Наваро беше подобра од Елена Веснина, 2:6, 4:6. Латвијката Анастасија Севастова изненадувачки ја победи Јохана Конта, 3:6, 5:7.