Шест тренери кои дочекаа свирежи во поранешниот тим!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мурињо вчера со Јунајтед гостуваше кај Челси во ¼-финале на ФА купот.

Мурињо не беше дочекан како што очекуваше од публиката на Челси. Навивачите го исфиркуваа Мурињо, а тој во еден момент им кажа дека со Челси освоил 3 трофеи во ПЛ.

Ние ќе ве потсетиме дека Мурињо не е единствен тренер во Англија кој на стадионот на поранешниот клуб бил дочекан лошо.

  1. Нигел Пирсон – Хал Сити

Пирсон е добро познато име во Англија. Тој во текот на кариерата има водено тимови од Чемпионшип или тимови од долниот дел на табелата во ПЛ. Помеѓу останатото го тренираше и Хал во сезоната 2010/11, а потоа замина во Лестер.

Веднаш по враќањето во Лестер, листата на натпревари одреди по само 18 денови тој да игра во Хал, а навивачите одвај дочекаа да го навредуваат. Тие му замеруваат што тој водел преговори со Лестер во моменти кога бил во нивниот тим.

  1. Брајан Клог – Лидс Јунајтед

Поранешниот англиски тренер остана запаметен по лошо кај навивачите на Лидс.

Тој во водеше клубот само 44 денови во 1974 година, а навивачите на Лидс чекаа 3 години за негово враќање и го исфиркуваа.

Тоа го дочека затоа што Клог се врати кај Нотингем Форест, но на крајот последен се радуваше, затоа што неговиот тим го победи Лидс со 1:0.

  1. Хари Реднап – Портсмут

Хари Реднап во текот на кариерата водеше многу тимови, а најдобрите резултати ги имаше најверојатно во Портсмут. Тој го напушти тимот во 2004 година и го превзема Саутемптон, а тоа навивачите на Портмут не можеа да му го простат.

Тој беше дочекан со голем број навреди кога Саутемптон гостуваше кај Портмуст. Неверојатно, но тој по се `се врати во тимот и тоа во декември во 2005 година и клубот го носеше до трофеј во ФА купот.

  1. Сем Алардајс – Њукасл Јунајтед

Сем Алардајс е познат по скандалите, па не е чудно што се наоѓа на 3-то место на оваа листа. Поранешниот селектор на репрезентацијата на Англија го превзема тимот во 2007 година, па потпиша 3-годишен договор.

Сепак, отказ доби во јануари 2008 година. 8 години подоцна, тој се врати во тимот и тоа со најголемиот нивни ривал, а тоа е Сандерленд.

Иако двете тимови во тој тим се бореа за опстанок, па сето внимание на навивачите на Њукасл беа насочени кон Алардајс на кој му зборуваа лоши зборови.

  1. Алан Пардју – Њукасл Јунајтед

Алан Пардју беше слична ситуација како Сем Алардајс. Тој го превзема Њукасл во 2010 година и на крајот на сезоната беше прогласен за најдобар тренер во ПЛ затоа што клубот го однесе до 5-то место.

По лошата сезона во 2013/14 година тој одвај преживеа отказ, но сепак е отпуштен во декември 2014-та година, а тоа одвај го чекаа навивачите на Њукасл. Подоцна се врати со Кристал Палас и немаше добар дочек.

  1. Жозе Мурињо – Челси

За враќањето на Мурињо во Челси веќе многу се пишуваше. Иако и претходно се враќаше во тимот со некои други клубови, никогаш не беше дочекан толку лошо како вчера кога се врати во ФА купот.

На Мурињо тоа не му падна најверојатно тешко, туку само ќе му биде дополнителен мотив наредниот пат да го победи поранешниот клуб.