Шкендија го торпедираше велшкиот ТНС


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкендија со убедливи 5:0 славеше против претставникот на Велс, ТНС.

Главна алка во тимот на Ќатип Османи беше Бесарт Ибраими кој имаше супериорен натпревар и постигна четири погодоци.

Најпрво Изаир Емини по асистенција на Ибраими го отвори резултатот, а потоа на сцена стапи седумката на Шкендија ги потопи гостите од Велс.

Со ваквиот развој на настаните реванш натпреварот останува само формалност, па Шкендија со сигурност ќе ја гледаме во второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите.