Шкупи со победа ги заврши подготовките во Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Шкупи на подготовките во Охрид денес го совлада Борац Чачак со 3:1.

Српскиот клуб прв стигна до водство во натпреварот. Адем го израмни резултатот, а Зука погоди за 2:1.

Конечните 3:1 ги постави Бајрами.

Клубот од Чаир покрај Борац во Охрид ги совлада и Новаци, Македонија Ѓорче Петров и Крупа. Македонскиот прволигаш запиша само два порази на пријателските натпревари и тоа во Тетово од Ренова и во Охрид од Струга.