Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Борнмут славеа против Ливерпул со 4:3 на Дин Корт во натпревар од четиринаесетото коло од ПЛ.
Во период од две минути фудбалерите на Ливерпул постигнаа два погодоци. Садио Мане и Дивок Ориги стрелаа за водство на црвените од 0:2. Второто полувреме донесе многу возбудувања. Милнер направи прекршок во казнениот простор, а Вилсон тоа го казни со погодок од белата точка за намалување на водството на црвените. Неколку минути подоцна Емре Чан погоди за враќање на водството од два погодоци на гостите. Резервниот фудбалер на Борнмут, Фрејзер намали на 2:3. Две минути подоцна Кук погоди за израмнување на резултатот. Аке во 93-та минута предизвика еуфорија кај домашните навивачи и му донесе големи три бода на Борнмут. Голема грешка при погодокот на Борнмут направи голманот на Ливерпул, Кариуш кој ја испушти топката од раце.
Ливерпул на Енфилд во следното коло ќе го пречека Вест Хем, а Борнмут му гостува на Барнли.