Шок за Јапонија, Белгија во последните секунди стигна до пласман во четвртфиналето (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија ќе се соочи со Бразил во четвртфиналето од годинешниот Мундијал откако со 3:2 ја совлада селекцијата на Јапонија.

Во првото полувреме се играше многу внимателно на двете страни без ниту една посериозна шанса за гол.

Веќе на стартот на второто полувреме Јапонија со два брзи гола преку Харагучи и Инуи стигна до изненадувачко водство од 2:0. Се чинеше дека ќе видиме уште една сензација, но потоа селекторот Мартинез ги уфрли вистинските играчи во игра, па видовме комплетен пресврт.

Најпрво Вертонген со среќен гол намали на 2:1 во 69. минута, а само пет минути подоцна резервистот Фелаини изедначи на 2:2.

Конечниот резултат го постави Насер Чадли на пет секунди до крајот на средбата.