Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Интер на Џузепе Меаца беа поразени од Лацио со 1:2 во натпревар од 1/4 финалето на купот на Италија.
Интер прв се закани посериозно преку Кондогбија кој ја погоди стативата. Во 20-та минута Фелипе Андерсон постигна погодок со глава за водство на Лацио.
Се играше 55-та минута кога Миранда направи прекршок во казнениот простор и доби директен црвен картон. Лукас Биља од пенал го зголеми водството на римјаните, 0:2.
Исто така и Лацио го заврши натпреварот со 10 фудбалери бидејќи Стефан Раду доби црвен картон. Марсело Брозовиќ со глава ги постави конечните, 1:2.
Лацио се пласира во 1/2 финалето во купот на Италија.