Шок – Рома сега сака да ја продаде „нинџата“!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нема да биде никакво чудо, а по се изгледа дека на клубот му се здосади од неговите гафови.

По се што се случи, па и по однесувањето на Наинголан на дочекот на новата година, клубот го казни со 100.000 евра, плус би требало да биде на клупата во дуелот со Аталанта, иако се извини.

Рома по се изгледа дека ќе го продаде својот фудбалер, а тоа секако нема да се случи во јануари, туку би можело да се случи во лето. Тој имаше одлична понуда од Кина, а Рома ќе добиеше скоро 50 милиони евра со бонуси за играч кој ќе наполни 30 години.

И Наинголан ќе заработуваше многу повеќе од сегашните 4.5 милиони по сезона, но останува прашањето дали тој сака да замине во Азија.