Шон Дајч го коментираше наводниот интерес од Ливерпул за Џејмс Тарковски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои медиуми во Англија пренесоа информација дека од таборот на Ливерпул се заинтересирани во своите редови да го донесат Џејмс Тарковски од таборот на Барнли.

„Сан“ пишуваше дека наводно Клоп ги контактирал челниците на Барнли за да им го отстапат играчот во следните шест месеци без право на откуп на договорот.

Ваквите најави остро ги демантираше тренерот на Барнли, Шон Дајч кој истакна дека ова е бизарна шпекулација.

„Има многу шпекулации, а многу малку е вистина. Најинтересна е онаа која е поврзана со Тарковски. Бизарна шпекулација. Ова е тој период од сезоната и секој е во потрага по читаност“ –коментираше Дајч.