Шо ќе паузира во наредните две недели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе ги пропушти следните два натпревари.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е загрижен околу ситуацијата со Шо, но сега може да му олесни бидејќи се испостави дека станува збор само за полесна повреда на натпреварот меѓу Англија и Шпанија.

Шо и порано имал проблеми со повреди, но оваа сезона игра одлично и навистина би било штета да добие некоја сериозна повреда после судирот со Даниј Караваљо.

Вака ќе го пропушти дуелот со Ватфорд во сабота, а веројатно и натпреварот во Лигата на шампиони против Јанг Бојс.

Шо оваа сезона одигра четири натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.