Шпанија беше премоќна за Израел, Исланд подобар од Косово, нови три бодови за Хрватска и Австрија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На натпреварот помеѓу Шпанија и Израел беа видени 4 голови, а резултатот не го изненади никого, туку заврши така како што се очекуваше.

Првата шанса во натпреварот ја имаше Алкантара кој ја погоди пречката во 6-та минута, а 7 минути подоцна падна првиот гол кој го постигна Силва.

Израел се закани во 44-та минута, но Де Геа беше одличен, а 2 минути подоцна Алкантара казни за пропуштената шанса и зголеми на 2:0.

Во 51-та минута Коста зголемува на 3:0, а 6 минути подоцна Силва повторно ја затресе пречката на Израел.

Во 76-та минута Рафаелов погоди во голот со удар под пречката и намали на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Иско во 88-та минута.

На натпреварот помеѓу Хрватска и Украина беше виден добар натпревар, а до 3 бодови стигна Хрватска.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Бадељ кој го промаши целиот гол со својот удар додека 5 минути подоцна Манџукиќ испрати силен удар, но ја погоди само пречката.

Во 38-та минута Ракитиќ му асистираше на Калиниќ кој постигна гол за 1:0 и тоа беше всушност и конечниот резултат.

Останати резултати:

Косово – Исланд 1:2
Ирска – Велс 0:0
Австрија – Молдавија 2:0
Лихтенштајн – Македонија 0:3