Шпанците направија анкета: Збогум за Де Хеа и враќање на – Касилјас! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа се најде на „удар“ на јавноста поради лошите настапи за неговата селекција.

Членот на Манчестер јунајтед на последните два натпревари против Англија и Хрватска прими вкупно шест голови, а тоа не им се допаѓа на навивачите.

Во меѓувреме „АС“ направи анкета во која навивачите гласаа за тоа кој би бил идеално решение за голманската позиција на Шпанија, а најмногу гласови доби легендарниот Икер Касилјас.

Касилјас се збогуваше од репрезентацијата во 2016 година, но навивачите очигледно не заборавија колку добро бранеше за селекцијата, а втор по гласовите на навивачите е Кепа од Челси, па потоа Лопез.

Тешко може да се очекува дека Луис Енрике ќе го повика во наредниот период Касилјас во репрезентацијата, но сепак навивачите си го дадоа својот глас.