Шпанците со нова теорија: Кој е виновник за заминувањето на Зидан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид игра катастрофално сезонава и во моментов се наоѓа на четврта позиција во Ла Лига.

Навивачите не се задоволни од настапите на нивниот клуб, па сметаат дека не требало Зинедин Зидан да замине.

Тренерот Хулен Лопетеги разочара на почетокот, па се шпекулира дека наскоро „кралевите“ ќе добијат нов тренер.

Шпанските медиуми откриваат нови детали за заминувањето на Французинот и тие се поинакви од претходно.

Зидан имал намера да остане, но не сакал да го продаде Кристијано Роналдо, туку Герет Бејл требало да замине.

Но, претседателот Флорентино Перез не сакал да разговара на таа тема и бил јасен неговиот став.

Поради тоа Зидан решил да замине од клубот бидејќи не можел да се договори со Перез.

Наводно, Перез сакал да го остави Бејл поради неговиот гол во финалето на Лигата на шампиони.