Што ли се случува во Спортинг: Ристовски останува без тренер по само неколку дена!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ би можел да замине од Спортинг Лисабон и тоа само неколку дена, откако беше поставен за тренер на клубот.

Во Спортинг веќе со месеци ситуацијата не е стабилна, а информацијата која пристигнува од Португалија е поврзана со српскиот тренер.

Наводно, Михајловиќ ќе добие отказ, доколку акционерите на клубот осигураат мнозинство за смена на претседателот Бруно Де Карваљо.

Неговата опозиција не го гледа Миха како решение за клупата и убедена е дека постои начин да му даде отказ на Србинот и да не му плати.

Претседателската опозиција ќе се повика на клаузула 11 од колективниот договор на португалската професионална лига и националното здружение на фудбалски тренери, според која тренерот потпишува договор на пробна работа во период од 15 дена.

Најверојатно тоа ќе заврши на суд, но и оваа ситуација е доказ дека во Спортинг нешто не е како што треба, а дали тоа ќе има последици и по нашиот интернационалец Стефан Ристовски, останува да видиме наскоро.