Што ли се случува – ПЛ ја напушта уште еден судија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиската спортска јавност сеуште се наоѓа во шок затоа што еден од најдобрите судии во светот, Клатенбург одлучи да се пресели во Саудиска Арабија.

Главна причина е тоа што ФА не се согласи да ги зголеми платите на судиите во Англија, а Клатенбург заработува сега по половина милион фунти, а тоа е двојно повеќе од тоа што заработуваше во Англија.

Се појави сега информација дека уште еден судија од ПЛ може да замине, а станува збор за Мајкл Оливер кој би можел да замине во МЛС лигата, од каде што доби понуда.

Поранешниот англиски судија Хауард Веб би требало да стане шеф на судиската комисија во Америка, а тоа дополнително би го олеснило неговото заминување од Англија.