Што се случувало во Париз пред мечот со Јунајтед и кој е зависник од кокаин во клубот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвените Ѓаволи успеаа да го надокнадат поразот од 0-2 на свој терен и на Паркот на Принцовите славеа со 1-3 и поминаа во четвртфиналето од ЛШ.

Меѓута, судејќи според француските медиуми и информации кои се појавија во јавноста, не е некаков чудо што ПСЖ беше елиминиран од Јунајтед.

Само два дена пред натпреварот со Јунајтед, фудбалерите на ПСЖ без знаење на стручниот штаб организирале забава на која присуствувале апсолутно сите фудбалери на клубот.

Тие денови во редовите на клубот владеела максимална опуштеност. Никој не верувал дека ќе бидат елиминирани и тој пристап на крај скапо ги чинеше.

Меѓутоа, фактот што се забавувале и „лумпувале“ по клубовите во Париз не е најголем проблем, Ромаин Молина објави дека во клубот има и зависник од кокаин.

Иако не е откриено за кој се работи, наводно тоа е личност кој има висока функција во клубот. Виден е додека конзумира кокаин, но неговото име не е објавено.