Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ стана доминантна сила во Франција, а прашање е дали ќе беше таков и Лион доколку не ги продадеше некои играчи.
ПСЖ по доаѓањето на Насер Ал Келаифи на чело на клубот освоија 4 титули по ред во Лига 1.
Богатиот бизнисмен од Катар со себе донесе голем капитал, па во Париз последните години се собраа голем број светски ѕвезди.
Ибра донесе многу радост во Париз со своите голови, а на ПСЖ не можеше никој да му се спротистави во лигата.
Оваа година решија да направат некои важни измени, останаа без Ибра и направија план да го подмладат тимот.
Сепак, тоа имаше и свои последици, Монако и Ница се моментално пред нив на табелата во Лига 1, но остана доволно време да се вратат на врвот и да ја освојат 5-та титула по ред.
Сепак, прашањето кое се наметнува е дали ПСЖ би биле доминантни претходните години ако Лион не ги продадеше своите најдобри фудбалери.
Лион под водство на Улие беше нешто како ПСЖ сега, дури беше и подоминантен.
Земаа 7 титули по ред, но потоа клубот почна финансиски да тоне и тоа донесе до продажба на големите ѕвезди.
Медиумите направија тим составен од играчи кои играа во претходните години за тимот.
Клупа: Ентони Лопес, Мбија, Гоналон, Тијаго, Греније, Валбуена, Бен Арфа, Гомис, Лоик Реми, Фред, Марсијал.