Шчесни и Перин беа привремено решение: Јуве од наредното лето го носи голманот над голманите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се чини дека управата на Јувентус има намера повторно да го промени голманот следното лето.

Да потсетиме, Старата дама од Торино минатото лето ја напушти легендарниот голман Џанлуиџи Буфон
кој замина во ПСЖ, а на негово место пристигна Војчех Шчесни.

Исто така Јуве го донесе и Матју Перин како резервно решение но се чини дека сето тоа било само привремено ако веруваме на пишувањата на англиските медиуми.

Како што пренесува The Sun, Јувентус наредното лето планира да го донесе голманот на Манчестер Јунајтед, Дејвид де Геа.

Потсетуваме, договорот на шпанецот истекува оваа сезона, а Јувентус е познат по тоа што во последно време често носи сјајни фудбалери бесплатно бидејќи им истекува договорот со нивните клубови.

The Sun од извори од Олд Трафорд пренесува дека Де Геа пред неколку дена играл против својот иден клуб и нема да го продолжи договорот со Манчестер.

Колку во сето ова има вистина останува да видиме во периодот што следи.