Ѓер прв финалист во Лигата на шампионките

Ракометарките на унгарски Ѓер се први финалистки во Лигата на шампионите за оваа сезона. Актуелниот шампион на Европа денес во полуфиналето во Будимпешта славеше против Букурешт со 26:20.

Ѓер одлично го отвори натпреварот и во текот на целата средба имаа контрола на резултатот. На полувреме се замина со предност за унгарскиот тим со 12:10.

До крајот Ѓер без поголеми проблеми дојде до пласман во третото финале по ред. Противник на унгарскиот тим ќе биде подобриот од нашиот претставник, Вардар и рускиот тим на Ростов.

Најдобра во победничкиот состав беше Гот со седум погодоци, додека кај Ѓер најмногу голови даде Кристина Неагау со шест голови.