Ѓоковиќ во 2019 година влегува со титула откако по голема борба го совлада Андерсон во Абу Даби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ја освои првата титула во новата натпреварувачка сезона откако со 2:1 по сетови го победи Кевин Андерсон на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Иако освои титула, овој турнир не влегува во официјалниот календар на АТП, па така претставува само сатисфакција за српскиот тенисер кој со дополнителен мотив ќе влезе во 2019 година.

Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на турнирот во Доха кој ќе се одржи во првите денови од 2019 година.