Ѓоковиќ заработувал по 1.897 евра за секој освоен поен во 2018 година

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, во 2018 година заработи од турнири 11 милиони долари, односно многу повеќе од Рафаел Надал, Роџер Федерер и Александер Зверев.

Меѓутоа, интересно е тоа што Ѓоковиќ во 2018 година одигра вкупно 10.628 поени, од што доби 5.796, па така секој негов добиен поен изнесувал 1.897 евра.

Од друга страна, Надал освои вкупно 55,4% од поените, односно вкупно одигра 7.728, а доби 4.281 поен.

Интересно е тоа што Надал е најдобар и во уште една категорија, по процент на победи во 2018. Вистина, поради повредата играше помалку, но има само четири порази и 45 победи, односно 91,8% победи во минатите 11 месеци.

Федерер е втор со 48 победи и 10 порази, односно 82,8% успешност, додека Ѓоковиќ е трет со 53 победи и 12 порази, односно 81,5% успешност.